News1.mkАктуелноМагазинПоследни Вести

Небото се отвора: Вечерва по полноќ погледнете во небото и замислете јасна и недвосмислена желба

Празникот Водици,Богојавление, народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден според верувањето Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан.

На 18 јануари се слави празникот Водокрст. За православните Христијани е строг пост. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. На празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.

Водокрст паѓа во очи Богојавление и секогаш е посен ден, без оглед на тоа во кој ден од неделата се паѓа.

Се верува дека во глуво доба од ноќта, пред Богојавление, на момент се отвора небото, за да се вкрстат ветровите кои дуваат зиме со оние кои дуваат лете и дека целата вода станува света. Кој тогаш ќе се затекне на отворено и го види тоа, може од Бога да посака исполнување на една желба.

Некои овој празник го нарекуваат Водокрштение или Водопост.