АктуелноОхрид

Девет возачи во Охрид се санкционирани поради управување моторно возило под дејство на алкохол

На 15/16.01.2022 година од 22 до 03 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнаа 14 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-09, Струга-04, Кичево-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и изречени им се соодветни платни налози. Акциските контроли во сообаќајот продолжуваат и понатаму со цел, подигнување на степенот на сообраќајната безбедност и почитување на правилата и прописите.