понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноВидеаОхрид

(ВИДЕО) ЕКО акција на нуркачите на „Акватек“ – Ќе го исчистиме езерово само под услов да престанеме да користиме пластика за еднократна употреба

Ќе го исчистиме езерово само под услов да престанеме да користиме пластика за еднократна употреба, порачаа нуркачите од Нуркачкиот центар „Акватек“, кои оставаат зад себе година исполнета со бројни акции со кои редовно апелираа на совеста на граѓаните за важноста за зачувувањето на чистата животна средина.

– Се’ друго е вртење во круг, а повеќе време немаме за вртење крукчиња другари и другарки, потсетуваат од „Акватек“ од Охрид.

– Стоп за пластика/чиста околина, потенцираат Игор Буловски и Никола Паскали кои на температура на водата од 7 степени Целзиусови ја спроведоа акцијата во водите на Охридското Езеро, кај Стар град.

Минатата година, тие спроведоа бројни ЕКО акции за чистење на дното на езерото од „подароците“ кои неодговорни поединци меѓу нас секојдневно му ги „подаруваат“.

извор: ОхридПрес фото/видео: НЦ Акватек