АктуелноОхрид

Засилени сообраќајни контроли – 6 возачи од Охрид управувале возила под дејство на алкохол

На 14/15.01.2022 година, во периодот од 20:00 до 03:00 часот, при извршени засилени сообраќајни контроли, полициските службеници затекнале 8 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид 6 и Струга 2).

– Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид.