АктуелноНаш ИзборОхрид

Д-р. Инж. Игор Бимбилоски од Охрид, нов член на Извршниот одбор на СДСМ

На последната седница на Централниот одбор на СДСМ, за член на Извршниот одбор беше избран Д-р. Инж. Игор Бимбилоски од Охрид, објавија на официјалната веб страна на партијата.

Бимбилоски е доктор по технички науки на Електро-техничкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, успешен и докажан менаџер во приватниот информатички и телекомуникациски сектор.

Игор Бимбилоски е актуелен генерален директор на Телелинк Групација во Албанија. Претходно Билбилоски извршувал високи раководни функции во големи телекомуникациски компании во Република Македонија и Република Албанија. Бил претседател на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

– Зад себе Бимбилоски има и партиски функции како претседател на ОО на СДММ – Охрид и Генерален секретар на СДММ во периодот од 2000 до 2001 година. Со изборот на Бимбилоски, се комплетираше составот на Извршниот одбор на СДСМ каде целосно е запазена родовата еднаквост, односно од 18 членови, девет се мажи, а девет жени, информираат од партијата,