Во рамки на хуманитарната Божиќна акција „Црвен тепих на хуманоста“, денес донирав хуманитарни пакети. Оваа акција се организира втора година по ред, каде поради пандемиските мерки и протоколи за заштита наместо традициналните Бадникови поворки на радоста се организира „Црвен тепих на хуманоста“.
Ваквите настани треба да бидат поттик за поголема хуманост и личен пример за солидарност. Како Локална самоуправа во рамките на своите можности продолжуваме да обезбедуваме помош за ранливите категории на граѓани и да даваме поддршка на ваквите настани, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
