АктуелноОхрид

Грданоски: ГФК „Лихнидос“ е наш клуб, клуб на охриѓани, така се издигна, така и нека остане

Искуствата на луѓето кои успеале се драгоцени, формули за успех има многу, почетоците секогаш биле многу тешки, но мотивирачка е желбата да се успее…. предизвикот да се врати фудбалот каков што некогаш беше, упорноста да се надминат пречките, посветеноста кон сите чинители и трасирањето на патот до професионалниот напредок на фудбалската игра бараа многу труд и ангажман. Охрид да има успешен клуб, а охриѓани посветено да го надоградуваат и усовршуваат неговиот професионален напредок беше идеја на многу охриѓани, напиша на својот ФБ профил Претседателот на клубот, Љупчо Грданоски.

Во продолжение ја пренесуваме објавата на Грданоски во целост:

„Во блиска иднина следи 100 години фудбал во Охрид, Охрид заслужува достоинствен фудбалски јубилеј, дајте да вложиме напори да го вратиме ГФК Охрид Лихнидос на линијата да обезбеди висок пласман.“ – Јован Стојаноски, градоначалник на општина Охрид.

Јубилејните 100 години постоење, ГФК „Лихнидос“ ги дочека во своето вистинско светло. Високо на табелата од втората лига, со светли моменти, мотивирани играчи со желба да покажат што знаат, што умеат и дека она што го прават е тоа вистинското за охридскиот фудбал.

Целиот тим, заедно, сплотени, успеавме да обезбедиме опрема која доликува на ОХРИДСКИТЕ БЕЛИ, реновирање на клубските простории и уредување на соблекувалните по сите нормативи и стандарди.

Охрид после долго време доби 4 младински категории, кои бројат над 100 регистрирани фудбалери. Младите фудбалери успешно ја завршија годината со вкупен пласман на првото место. Сигурен сум дека тимската работа, солидарноста, желбата, посветеноста и упорноста ќе ги однесат младите надежи во супер лигата.

Секое време носи подеми и падови, но истрајноста е предуслов да се продолжи напред, да се ита кон нови дистигнувања, нови победи, нови можности….. Издржавме на патот кон успехот, достигнавме резултати достојни да почит. Покажавме дека вербата и трудот даваат поттик да се надеваме, да вложуваме, да напредуваме.
ГФК„Лихнидос“ е успешна охридска приказна… посакувам охридскиот клуб охриѓани да го запаметат како пример дека упорноста се исплати, „Лихнидос“ нека биде водилка за идните фудбалски генерации.
ГФК „Лихнидос“ е наш клуб, клуб на охриѓани, така се издигна, така и нека остане.