News1.mkАктуелноОхрид

Порталите на OneMedia.mk, 2021 година ја завршуваат со 7.000.000 кликови кои ги кликнале над 1.500.000 читатели

Порталите News1.mk Ohrid1.com Lifestyle.mk 2021 година ја завршуваат со 7.000.000 кликови кои ги кликнале над 1.500.000 луѓе. Околу 70 % од кликовите се од Македонија, додека 30 % се од цел свет, а прва држава по нашата е САД, потоа доаѓа Германија, Австралија и т.н.
Медиумската групација OneMedia.mk во 2022 најмногу внимание ќе посвети на развојот на порталот на Албански јазик News1.al ( кој развива посебни рубрики за Македонија и Косово) и да останеме интернет NEWS компанија лидер во Македонија со големи регионални амбиции.
И во 2022 ќе продолжиме да вложуваме во вработените како наш најважен ресурс, ќе го зголемиме нивниот број, ќе продолжиме со организирање „тим билдинзи“ во странство, ќе ги задржиме највисоките плати и ќе го наградуваме успехот.
Оваа година нашата компанија во делот на општествената одговорност двојно ги зголеми донираните средствата во однос на претходната и реализира донација во охридското здравство, велат од компанијата.