За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.
Сепак, и со последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од повеќегодишниот просек за декември. Повисоко ниво од просечното и тоа за 2,72 метра има и Дојранското Езеро, додека водостојот на Преспанското Езеро е понизок од просечниот и тоа за 1,55 метри и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм).
Нивоата, пак, на реките во земјава се во рамите на просекот за овој период од годината и имаат благо зголемување или намалување во споредба со вчера.
