АктуелноОхрид

Наумоски го објави советничкиот број: Им стојам на располагање на граѓаните за сите предлози, иницијативи и поплаки

Независниот советник Антонио Наумоски како што вети во предизборната кампања на дело покажува дека ќе работи во интерес на граѓаните. Наумоски го објави советничкиот  телефонски број 076 233 437 и вели дека истиот од овој момент е активен 24/7.

„Ја известувам јавноста дека за потребите на граѓаните активен е телефонскиот број 076 233 437  на кој како советник во Советот на Општина Охрид од редот на независната листа „Охрид има план Б“  можат да ми се јавуваат  сите кои имаат предлози, иницијативи и поплаки и други потреби кои се во надлежност на локалната самоуправа.  Како и во кампањата на локалните избори и сега и во иднина останувам единствен независен советник и стојам на располагање на граѓаните на Општина Охрид“, вели независен советник, Антонио Наумоски.