Ова е сосема мал дел од моментите кои со носталгија ме враќаат да се сеќавам на рано детство, на настани и буквално исти луѓе по душа и срце … дома пред куќа на улица кога се правеа исти работи на истово возило… Сеќавањата на тоа ме прават среќен, ми се враќа животот назад, срцето повторно гори, а овие луѓе , мои браќа , несебично се внесоа сето ова да го завршиме и да си го имаме во ЕКО ФАП Охрид како свое и охридско!
Доказ дека за искрената желба и идеја нема препрека! Разбрани сме меѓу себе сите до еден, а и Господ со сите нас!
( за некој ден ќе биде истакната комплетната приказна поврзана со автобусот, неговата историја, но и неговата иднина. До тогаш и јас лично ќе спијам пократко од желба да ја споделиме со јавноста).
Некои работи не се купуваат со пари. Тоа се спомени, чувства и луѓе што ги сакаш!!!, пишува во својата ФБ објава Горан Устијаноски од ЕКО ФАП.