АктуелноОхрид

Костовски по обелоденувањето на долговите на ЈП: За вистината да биде целосна треба да се спомнат и други параметри

По денешната прес конференција на градоначалникот Кирил Pецаков, на која ги обелодени долговите на јавните претпријатија и општината, сите молчат.

Единствен кој образложи на својот ФБ профил е поранешниот директор на ЈП Градски гробишта, претседателот на ВМРО НП, Ванчо Костоски.

„Она што не беше спомнато е дека Ј.П. ГРАДСКИ ГРОБИШТА ИМА РЕАЛНИ ПОБАРУВАЊА од околу 10 500 000 ден односно околу 170 000 евра и дополнителни 1 280 000ден побарувања за сработена работа кој се влезени во финансии во Општина и околу 650 000 ден за 90 % завршени проекти за Општина Охрид така да побарувањата кон Општина достигнуваат некаде околу 2 000 000 ден или 32 000 евра така да вкупните побарувања се околу 200 000 евра од кој пак ќе напоменам 90% се реални. Точно е дека стасаниот долг на е околу 1 000 000 сен но од овие околу 650 000 ден се стар долг према комуналец направен во периодот 2013-2017 а го намалиме за околу 550 000 а истовремено 4 години плаќавме редовно. Преостанатиот долг од околу 400 000 ден се тековни обврски кој до ноември не беа стасани да плаќање односно имаа уште рок“, напиша Костовски на ФБ.

Објавата на Костовски може во целост да ја прочитате на овој линк.