Тројца мигранти од Индија биле забележани вчера при контрола во минибус со струшки регистарски ознаки, на автопатот Тетово-Скопје.
„При контролата, во минибусот биле затекнати Е.Н.(25), Д.К.(36) и М.С.(25), сите од Индија. Тие биле приведени затоа што оствариле илегален влез во Република Северна Македонија. На лицата им била изречена соодветна санкција и мерка протерување на странец од земјата со забрана за повторно влегување“, соопшти МВР во дневниот билтен.