Дворот на Општина Охрид од денес го краси нов, впечатлив цветен аранжман кој ја спојува препознатливата охридска традиција со убавината на есента.
Во парковскиот простор пред општинската зграда е поставено декоративно охридско кајче, исполнето со прекрасни жолти хризантеми, кои со своите интензивни бои внесуваат топлина и свежина во есенскиот амбиент. На предната страна на кајчето е испишано „ОПШТИНА ОХРИД“, а дополнителен интересен детаљ претставува висок столб со градови со кои е збратимен Охрид.

Посебен шарм на целата композиција ѝ дава традиционалното охридско кајче, еден од најпрепознатливите симболи на градот и Охридското Езеро. Во комбинација со есенските хризантеми, тоа создава интересен декоративен простор кој го разубавува дворот на локалната самоуправа.
Новиот цветен аранжман претставува убав есенски детаљ во централното градско подрачје, а со својот изглед има потенцијал да стане и ново место за фотографирање на граѓаните и туристите кои го посетуваат Охрид.

















