На 28.09.2026 во 14:50 часот, во струшкото село Велешта лишен од слобода е лице на (55) од истото село.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга, сопреле патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа, констатирале дека против него има изречена активна забрана за управување на моторно возило од „Б“ категорија а по извршено алкотестирање, кај него утврдиле 1,71 промили алкохол во крвта.
Тој веднаш е исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и по целосно документирање на настанот, против него ќе се поднесат соодветни кривични пријави.


















