АктуелноОхрид

Акција за подигнување кабаст и зелен отпад од реон опфатен со улици ,,Абас Емин”, ,,Железничка” и дел од ,,Булевар Туристичка” 02.10.2026 год. (петок)

Ј.П.,,Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 02.10.2026 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од реон опфатен со улиците ,,Абас Емин”, ,,Железничка” и дел од ,,Булевар Туристичка”
📞Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 02.10.2026 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурните телефони 075-495-428 и 075-397-944