На 27.09.2026 во 01:34 часот, при контрола во патниот сообраќај извршена на кеј „Македонија“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај сопреа патнички автомобил „бмв“ со словенечки национални ознаки, управуван од лице на (66) од Гостивар и при извршено алкотестирање, кај него констатираа 1,96 промили алкохол во крвта.
Тој веднаш е исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


















