АктуелноОхрид

Стружанецот Илирјан Асани освои злато на „Паљо Класик Опен“ во Битола

Уште еден спортски успех за Струга и Македонија. Стружанецот Илирјан Асани освои златен медал на натпреварот „Паљо Класик Опен“, кој се одржа во Битола.

 

Асани го освои првото место во категоријата Classic Physique (Класик Физик), потврдувајќи ја одличната форма и успешната подготовка за натпреварот.

 

Со освојувањето на златниот медал, стружанецот се искачи на највисокото место на победничкиот подиум, носејќи уште еден спортски успех за Струга.