По успешното завршување на градежните активности за реконструкција на дел од улицата “7ми Ноември” продолжуваме со следната фаза од проектот.
Втората фаза ќе се одвива во две подфази со цел побрза реализација и олеснување за граѓаните.
Првата подфаза опфаќа реконструкција на потегот од фабриката „Братство“ до ОУ „Братство Единство“, додека втората подфаза опфаќа реконструкција од ОУ „Братство Единство“ до пресекот со Булевар „Туристичка”.
Согласно проектот предвидено е реконструкцијата да ги опфати следните зафати :санација на атмосферска канализација, нови, уредени и безбедни тротоарски површини за пешаците, подземно поставување (спуштање) на кабелските и сите останати оператори, нов асфалт и целосна реконструкција на коловозната лента, како и поставување на ново осветлување.
Апелирам до сите учесници во сообраќајот за разбирање, стрпливост и почитување на привремениот сообраќаен режим за време на изведувањето на градежните работи.















