Мила Ложанкоска е нов претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, се наведува во објава со која ѝ беше честитано за изборот на новата функција.
Ложанкоска претходно била активна во Средношколската унија, а сега ја презема функцијата претседател на охридската организација на УМС. Во честитката се истакнува нејзиниот досегашен ангажман и се посочува дека пред неа стои одговорноста да ги обедини, мотивира и претставува младите кои се дел од организацијата во Охрид.
„Мила е пример дека со чесност, макотрпна работа, посветеност и скромност, успехот не е случајност, туку неизбежен резултат“, се наведува во објавата. На Ложанкоска ѝ беа упатени честитки и желби за успех, енергија и мудрост во извршувањето на новата функција.


















