АктуелноОхрид

Обвинение против шест лица за уривањето на спомен куќата на Владо Малески во Струга

Првообвинет е управител на градежна фирма од струшко Велешта, кој како инвеститор и изведувач срушил стара струшка куќа, а при ископ за новиот објект ги поткопал темелите од јужниот ѕид на соседната спомен-куќа на Малески. Иако Управата за заштита на културното наследство го задолжила да изготви идеен проект со прецизно утврден начин на уривање поради непосредната близина на заштитената куќа, тој изготвил само основен проект, кој потоа бил одобрен од Секторот за урбанизам и градоначалникот на Струга
Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинение против шест лица во врска со уривањето на заштитената спомен-куќа на авторот на македонската химна Владо Малески, што се случи во октомври минатата година. Во обвинението е опфатен и ексградоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Првообвинет во случајот е управител на градежна фирма од струшко Велешта, кој како инвеститор и изведувач срушил стара струшка куќа, а при правење ископ за новиот објект со подрум, приземје и кат ги поткопал темелите од јужниот ѕид на соседната спомен-куќа на Владо Малески. Иако Управата за заштита на културното наследство го задолжила да изготви идеен проект со прецизно утврден начин на уривање поради непосредната близина на заштитената куќа на Владо Малески, тој изготвил само основен проект.

„Копајќи за подрумските простории на новиот објект, обвинетиот извршил широк ископ со багер, со што го поткопал заедничкиот преграден ѕид меѓу двата објекти, што довело до дестабилизација и уривање и на куќата под заштита како културно наследство“,

велат од ОЈО Струга.

 

 

 

360stepeni.mk