АктуелноОхрид

Македонското културно друштво „Св Кирили Методиј“од Пула гостува во Охрид

Утре, петок од 11 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе
биде домаќин на културно – уметничка средба на која гости ќе бидат
членови на Македонското културно – уметничко друштво на Истарската
жупанија „Св Кирил и Методиј“ од Пула, Хрватска.
На средбата ќе биде промовирано севкупното творештво на Милена Златеска,
претседателка на Друштвото со посебен осврт на збирката со македонски
народни песни „Песна низ вековите“. Книгата има 1800 страници и е поделена
во четири тома а Златеска е нејзин приредувач.
Како и при посетата точно пред две години и утре во Прличевата одаја ќе
настапат и нивната пејачка група и членови на литературната секција. Ним ќе
им се придружат и неколку поети од Охрид.
Да потсетиме Охрид и Пула токму на иницијатива на нашинците од овој град од
пред една година се и збратимени градови.

 

НУ Библиотека