ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (27) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 174 парчиња муниција различен калибар кои нелегално ги поседувал и две пакувања со марихуана.















