Затворен магистралниот пат Охрид – Струга поради оштетена цевка за плин, сообраќајот пренасочен по стариот пат
Магистралниот пат што ги поврзува Охрид и Струга во моментов е затворен за сообраќај поради инцидент со цевка за плин.
Според првичните и засега неофицијални информации, станува збор за оштетување на цевка преку која се спроведувал плин до бензинска пумпа лоцирана покрај магистралниот пат меѓу Охрид и Струга.
Поради потенцијалната опасност, сообраќајот на овој дел од магистралниот пат е целосно прекинат, а возилата се пренасочуваат да сообраќаат по стариот пат кој ги поврзува Охрид и Струга.
Засега нема официјални информации за тоа како дошло до оштетувањето на цевката, ниту колку време ќе трае прекинот на сообраќајот.
Повеќе информации се очекуваат по официјалното произнесување на надлежните институции.

















