ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (26) од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При контрола и преглед, извршен во струшката населба Плитишта, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

















