АктуелноОхрид

Пронајдено починато лицето кое беше пријавено за исчезнато во близина на автокамп во Охрид во водите на Охридското езеро

На 15.09.2026 во 22:00 часот, по преземени мерки од полициски службеници од езерската полиција и од СВР Охрид, во близина на авто камп, на околу 50 метри од копно во водите на Охридското езеро, пронајден е починат лице на (31) од Скопје.

 

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, препознавање извршил член на неговото семејство а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

 

Инаку, на 14.09.2026 во 18:10 часот во СВР Охрид,  лице на (68) од Скопје за исчезнат го пријави неговиот син  лице на (31) од Скопје, со кого престојувал во автокамп во Охрид.