АктуелноОхрид

Случена сообраќајна незгода помеѓу струшките села Враништа и Велешта, учесниците се здобиле со тешки телесни повреди

На 12.09.2026 година во 07.30 часот, на регионалниот пат помеѓу струшките села Велешта и Враништа, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од  лице на (36) од селото Лабуништа и „голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од  лице на (54), до селото Велешта.
Притоа, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид како и лице на (27) од Лабуништа, сопатник во првото возило.
Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.