По повод големиот христијански празник Отсекување на главата на Св. Јован Крстител на 11 септември во манастирот Св. Јован Претеча -Бигор во село Пискупштина ќе се одржи Света Богослужба и советување на вода.
На пладне ќе биде послужен ручек за сите присутни верници. Овој празник е посветен на споменот на маченичкото страдање на Св. Јован Крстител последниот старозаветен пророк и претеча на Господ Исус Христос.
Поканети се сите верници со своето присуство да земат молитвено учество во одбележувањето на овој верски празник.


















