Во Библиотеката ,,Григор Прличев" – Охрид од неодамна успешно се реализираат
бесплатните часови по англиски јазик за деца и возрасни кои предизвикаа голем интерес.
Часовите за деца (Storybook Studio) се наменети за деца од 6 до 11 годишна возраст почеток на
курсот 16 септември, среда во 12:30-13:30ч.
Часовите за возрасни се наменети за лица кои сакаат да стекнат основни познавања или да ги
обноват стекнатите , часовите почнуваат на 17 септември, четврток од 17:00-18:00ч.
Програмата е водена од Дени Хамилтон, волонтерка на Мировниот корпус на САД со TESOL
сертификат и искуство во работа со ученици во координација со Елена Станкоска- виш
библиотекар.
Пријавувањето ќе се врши на тел. 071/ 499-076 со Елена Станкоска.
НУ Библиотека
Редакцијасептември 7, 2026
posted on
















