АктуелноОхрид

Радожданец камен пијан возел кола – полицијата го уапси

На 06.09.2026 во 00:30 часот на регионалниот пат помеѓу струшките села Калишта и Радожда, лишен од слобода е лице на  (50) од с. Радожда, струшко.

 

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ кое тој го управувал и притоа кај него констатирале 2,40 промили алкохол во крвта.

 

Тој, веднаш е исклучен од сообраќај, одземени му се возилото и возачките документи и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.