СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Во текот на јули оваа година, пријавениот бесправно оградил повеќе катастарски парцели во населба „Коњско“ во државна сопственост, со што го оневозможил нормалното движење на граѓаните.

















