Денеска (13.08.2026) во 12:20 часот на крстосница од ул.„АСНОМ“ со ул.„Никола Карев“, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Охрид ја пронајдоа малолетничката на (15) од Охрид, за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од домот.
Во содејство со Центарот за социјални работи таа е предадена на родителите.

















