На 11.08.2026 во 19:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија
од слобода лице на (43) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во Охрид, каде што
престојувале, физички ја нападнал неговата 50-годишна вонбрачна сопруга од Битола, а
притоа ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на
случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

















