АктуелноОхрид

Градежни активности за асфалтирање на седум краци од ул.”Момчило Јорданоски”

Во тек се градежни активности за асфалтирање на седум краци од улицата „Момчило Јорданоски“ . Проектот се реализира како дел од Програмата за уредување на градежното земјиште, со средства од Буџетот на Општина Охрид.

 

Со оваа инвестиција ги подобруваме условите за сообраќај и секојдневно функционирање на жителите од овој дел на градот. Продолжуваме со реализација на проекти кои обезбедуваат поквалитетна инфраструктура во сите урбани и рурални делови од општината.