АктуелноОхрид

Скопјанец кој користел отсуство од затвор, физички ја нападнал поранешната девојка во Охрид

На 05.08.2026 во 15:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (26) од Скопје.

 

Тој, за време додека користел отсуство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал казна затвор од пет години, во Охрид се сретнал со неговата поранешна девојка, по што физички ја нападнал.

 

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена содветна пријава.