Илинден е еден од најсветлите и најзначајни датуми во македонската историја. Ден што не потсетува на силната борба за слобода, на стремежот кон сопствена држава и на визијата на генерациите кои со храброст и пожртвуваност ги поставија темелите на нашата иднина.
Илинденскиот идеал не е само историско наследство, туку трајна обврска да ги чуваме и унапредуваме вредностите врз кои почива македонскиот идентитет, а тоа се единствотото, достоинството и меѓусебната почит.
Овој голем празник нека ни биде потсетник дека треба да продолжиме заедно да создаваме просперитетна заедница, да го развиваме нашиот Охрид и да придонесуваме за напредокот на татковината.
Во мое лично име и во име на Општина Охрид, на сите граѓани им го честитам Денот на Републиката-Илинден, со искрени желби за добро здравје, мир, благосостојба и заеднички успеси.
Нека ни е за многу години Илинден и вечна слава и на Илинденците!!














