АктуелноОхрид

Белградската Newsmax Balkans го промовира Охрид пред милионски аудиториум: „Дојдете и почувствувајте ја магијата на овој прекрасен град“

Белградската Newsmax Balkans го промовира Охрид пред милионски аудиториум: „Дојдете и почувствувајте ја магијата на овој прекрасен град“

 

Охрид доби уште една значајна меѓународна промоција во екот на летната туристичка сезона. Белградската телевизија Newsmax Balkans, регионална телевизиска мрежа која се емитува во повеќе земји од поранешна Југославија, во своите централни вести емитуваше репортажа во живо од Охрид, претставувајќи го градот како една од најатрактивните летни туристички дестинации на Балканот.

 

Репортерката на телевизијата се вклучи во живо од Охрид, при што на гледачите им ги доближи убавините на градот, богатото културно наследство, атмосферата во шпицот на туристичката сезона, како и бројните културни, музички и забавни настани што се организираат во овој период.

 

Во прилогот беше истакнато дека Охрид нуди уникатен спој на природни убавини, историја, култура и современа туристичка понуда, што го прави една од најпосакуваните дестинации за летен одмор во регионот.

 

На самиот крај од прилогот, водителот од студиото во Белград упати директен повик до гледачите од целиот Балкан да го посетат Охрид и лично да ја почувствуваат магијата на овој прекрасен град.

 

Ваквата промоција има особено значење бидејќи Newsmax Balkans се следи во повеќе држави од регионот и располага со милионски аудиториум, што претставува дополнителна можност Охрид да биде претставен пред голем број потенцијални туристи токму во екот на летната сезона.

 

Репортажата уште еднаш потврдува дека Охрид останува препознатлива туристичка дестинација на Балканот, која со своите природни убавини, богатата историја и разновидната летна програма продолжува да привлекува внимание и од регионалните медиуми.