АктуелноОхрид

Лишен од слобода 38-годишен охриѓанец кој агресивно се однесувал кон член од семејството

На 28.07.2026 во 05:25 часот на ул.„Кузман Капидан“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (38) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон член на неговото семејство, а подоцна агресивно се однесувал и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

 

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.