АктуелноОхрид

Привремено одложување на превентивната акција за Светскиот ден за борба против хепатитисот

Здружението „ХЕПАР Центар“ – Битола и Здружението „Ретко е да си редок“ – Охрид, во
партнерство со Клиниката за гастроентерохепатологија – Скопје и со поддршка од
Здружението на лекари – Охрид, ја информираат јавноста дека планираната мобилна
превентивна акција по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот привремено се
одложува.
Како организатори и партнери, во целост ги почитуваме сите протоколи, стручни
препораки и важечки прописи утврдени од надлежните институции.
Нашата цел од самиот почеток беше, преку воспоставување комуникација и координација,
оваа превентивна акција да ја организираме партнерски и во соработка со сите надлежни
институции и релевантни чинители, ставајќи ги здравјето, безбедноста и довербата на
граѓаните како наш највисок приоритет.
Токму поради тоа, во изминатиот период бевме во непосредна комуникација и
координација со надлежните институции, земајќи ги предвид сите нивни стручни
препораки и насоки.
За реализација на акцијата беше побарана институционална координација со сите
релевантни локални и национални институции, со цел воспоставување одржлив модел за
превенција и рано откривање на заболувањата на црниот дроб, во интерес на сите граѓани.
За новиот термин за реализација на акцијата јавноста ќе биде навремено информирана.