БДЕНИЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ ЕМИЛИЈАН ДОРОСТОЛСКИ
Почеток: 30.07.2025 четврток 22:00 часот во Храм Св. Троица – Охрид.
Возљубени во Христа воскреснатиот, на ова наше заедничарење во љубовта, која безмерно ни се дава и благодатта која ни доаѓа, преку кивотот со моштите на светиите, во знак на бескрајна љубов, ве покануваме да земете учество на ова бдение та заедно да вознесеме песни на светиот маченик Емилијан а заедно со него, похвала и слава на Оној Кој преку светиите ни дава на сите исцеленија.

















