„Охридско лето“ денеска на репероарот ја нуди балетската претстава „Кармен свита и Болеро“
од Жорж Бизе и Морис Равел во изведба на Опера и театар „Мадленијанум“ – Србија.
Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот и 30
минути.
Балетот „Кармен свита“ претставува адаптација на познатата опера на Бизе, „Кармен“,
раскажувајќи ја страсната приказна за неограничената и предизвикувачка Кармен, симбол на
слободата и неизбежната судбина. Потпирајќи се на виртуозната музика, кореографот
Александар Илиќ гради нова кореографска динамика во која силата и емоцијата се
испреплетуваат во моќен сценски израз.
„Болеро“, едно од најпрепознатливите музички дела на 20 век, во визијата на Илиќ станува
хипнотички танцов спектакл. Постепеното интензивирање на ритамот и енергијата, која ја
карактеризира композицијата на Равел, преточено е во кореографија со постојана напнатост,
повторување и незапирлив раст на драматичноста.
Насловната улога на Кармен ја изведува Гала Јовановиќ, солистка на Виенската државна опера,
улогата на Дон Хозе ја игра Александар Полупанов, улогата на Ескамиљо ја игра Тома Крижнар,
улогата на Цунига ја игра Никола Бјанко и улогата на Судбината ја игра Феодора Грујиќ.
Во „Болеро“ главен солист е Огнен Вучиниќ заедно со Катарина Буќиќ, Јована Грујиќ, Владимир
Чубрило, Катарина Илијашевиќ и ансамбл од играчи.

















