АктуелноОхрид

Објавени резултатите од конкурсот за идејно архитектонско решение за младински културен центар во Охрид

Коалиција на младински организации СЕГА ги објави резултатите од конкурсот за избор на најдобро идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на постојниот објект – поранешната менза во рамките на Касарната „Михајло Апостолски“ – во современ и функционален Младински културен центар во Охрид.

‎Конкурсот беше реализиран во рамките на Програмата на Младински Центар Охрид 2025–2026, финансиски поддржана од Општина Охрид, со цел да се обезбеди квалитетно архитектонско решение кое ќе претставува основа за идната реконструкција и развој на нов современ простор наменет за младите.

‎По завршувањето на процесот на оценување од страна на стручната комисија, беа избрани трите најуспешни трудови.

‎Добитници на наградите се:

  • Прва награда – [Шифра: X0X00X0X] – 220.000 денари

Автори

: Дарко Христов и Тамара Џерков
Соработници: Анастасија Ташковиќ, Симона Радичевска и Горазд Коцев

  • Втора награда – [Шифра: БИ15МА92] – 120.000 денари

Автори

: Марија Милошевска и Бојана Исијанин

  • ‎Трета награда – [Шифра: МНТ2001В] – 60.000 денари

Автори: Јована Нецева, Бранкица Митевска и Марија Трајковска

‎Избраното идејно решение ќе послужи како основа за изработка на основниот проект, врз кој Општина Охрид ќе ги планира следните чекори за реконструкција и целосна реализација на Младинскиот културен центар.

‎Со реализацијата на овој проект, Охрид ќе добие нов современ простор што ќе биде наменет за културни, едукативни, уметнички и младински активности, поттикнувајќи ја креативноста, активното учество и развојот на младите.

‎Свечената промоција на наградените идејни решенија и доделувањето на наградите ќе се одржат во август 2026 година, во рамките на програмата „Недела на млади“, со која Младински Центар Охрид традиционално го одбележува Меѓународниот ден на младите – 12 Август.

Линк…

Конкурс за идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на постоечки објект за Младински Културен Центар Охрид