Во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта, утре, недела , 5 јули, ќе биде отслужена Света Божествена Литургија, која ќе биде збогатена со молитвено пеење на машкиот црковен византиски хор „Партениј Зографски“ од Струмица.
Верниците ќе имаат можност преку византиската духовна музика да учествуваат во литургиското богослужение и соборно да го прослават Троичниот Бог во еден од најзначајните православни манастири во охридско-струшкиот регион.
Од манастирското братство упатуваат покана до сите верници со радост и молитвена ревност да присуствуваат на Светата Литургија и да бидат дел од ова духовно чествување.
Светата Литургија во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ – Калишта традиционално привлекува голем број верници од Струга, Охрид и пошироко, а настапот на хорот „Партениј Зографски“ ќе придонесе за уште посвечена и духовно возвишена богослужбена атмосфера.















