Тешка сообраќајна несреќа се случи пред малку на излезот од Охрид, во близина на местото Помолие.
Според првите неофицијални информации, во несреќата е оштетен најмалку еден патнички автомобил, а сериозно е оштетено и уличното осветлување, при што искршени се неколку канделабри.
Во моментов нема официјални информации дали има повредени или настрадани лица.
Поради несреќата, сообраќајот на оваа делница се одвива отежнато, а на местото на настанот се очекува интервенција на надлежните служби и увид за утврдување на причините за несреќата.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот, по завршувањето на увидот од страна на надлежните институции.
View this post on Instagram















