Честит 24 Мај – Денот на светите браќа Свети Кирил и Методиј, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
-Се поклонуваме со почит и благодарност и потсетуваме на нивното дело кое не обврзува да го чуваме македонскиот јазик, култура и идентитет, објави вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил.
„Св. Кирил и Методиј оставија неизбришлива трага во историјата, а ние продолжуваме со нивната мисија да вложуваме во образованието и младите генерации како двигатели на идниот развој на Македонија.
Честит 24 Мај“, напиша Николоски.















