Со длабока почит и благодарност денес положивме свежо цвеќе во чест на Светите браќа Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост, духовност и траен симбол на македонскиот културен идентитет.
Тие зад себе не оставија само букви, туку непроценливо духовно и цивилизациско наследство кое и денес претставува темел на нашата култура, образование и национална самобитност.
Нивното дело не обврзува да го чуваме знаењето, да вложуваме во образованието и да ги поддржуваме младите генерации.
Нека продолжи да живее делото на Светите Кирил и Методиј!
Нека ни е честит и вековит 24 Мај!














