АктуелноОхрид

Пецаков: По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, доделивме признанија на најуспешните основци и средношколци од Охрид

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, доделивме признанија на најуспешните основци и средношколци од Охрид, кои постигнаа врвни резултати на државни и регионални натпревари.
Драги ученици,
Вашите успеси се гордост за Охрид, за вашите семејства и за целата наша заедница. Вие сте доказ дека Охрид продолжува да живее како град на писменоста, културата и знаењето.
Продолжете да верувате во себе, да ги развивате своите таленти и со истата посветеност да чекорите кон нови успеси.
Нека ни е честит и вековит 24 Мај!
Нека вечно живее делото на Светите Кирил и Методиј!