Заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски и заменик претседател на Владата, Александар Николоски, денeска го означивме почетокот на изградбата на современа катна гаража во централното градско подрачје на Охрид.
Ова е еден од најзначајните инфраструктурни проекти за нашиот град, со кој конечно започнуваме со решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето и сообраќајниот метеж, особено во туристичките месеци.
Катната гаража, ќе има приземје, пет ката и тераса, со капацитет од над 200 паркинг места. Вредноста на проектот изнесува 106.563.435 денари со вклучен ДДВ.
Овој капитален проект е реализиран со поддршка од Владата и Министерството за локална самоуправа, што претставува силен пример за соработка на локалната и централната власт, во интерес на граѓаните.
Продолжуваме со инвестиции кои носат урбан развој на Охрид како современ туристички град.











