Денес заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски, градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков направивме увид на проектот реконструкција на пумпната станица “Метропол”.
Овој проект е од голема важност за ЈП Водовод со кој се очекува намалување на трошоците за електрична енергија кој се еден од најголемите оперативни трошоци на јавното претпријатие.
Извршена е замена на две вертикални турбински пумпи стари четириесетина години со нови вертикални поекономични автоматизирани пумпи со фрекфентна регулација, промена на постоечкото напојување на пумпните агрегати со целосно ново напојување и целокупната електрична инсталација како и градежна санација на подните, ѕидните и таванските површини заедно со столаријата во самата просторија од пумпната станица.
Вредноста на проектот изнесува 38 милјони денари обезбедени преку првиот Владин повик.
Продолжуваме со нови инвестиции и развој на јавното претпријатие, пишува во својата објава директорот Ристески.











