АктуелноОхрид

Означен почетокот на 52. Општински натпревар по прва помош во организација на Црвен крст Охрид

Со особена чест и задоволство, денеска го означив почетокот на 52. Општински натпревар по прва помош, кој под мотото „Првата помош спасува животи“ се одржува во организација на Црвен крст Охрид.
‎Повеќе од 200 ученици од основните и средните училишта од Охрид и Дебрца денес ги покажуваат своите знаења, вештини и подготвеност за укажување прва помош.
‎Особено ме радува што и оваа година натпреварот се реализира според европски стандарди, преку реалистични симулации и ситуации на повеќе локации низ Охрид.
‎Верувам дека Охрид и во иднина ќе продолжи да биде град кој ја негува хуманоста и солидарноста.